Утрински Весник
Македонија

Прегазени двајца пешаци – едниот во центар на Скопје, другиот во Драчево

Whatsapp image 2025 09 26 at 16.19.05.jpeg

МВР информира дека вчера попладне во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Димитрие Чупоски“ во Скопје (на пешачки премин спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“), патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Само 20 минути подоцна, во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Славка Динкова“ во Скопје (во населбата Драчево), патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Б.П., удрило во пешакот А.Д.(59), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Борис Трајковски се превртува во гроб од најновата мигрантска политика на ВМРО-ДПМНЕ

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај