Утрински Весник
Македонија

„Правда за Крешник“ – поставен транспарент во центарот на Дебар

Screenshot 20250406 153540 messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Транспарент  со порака „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“ поставен е денеска во непосредна близина на седиштето на ДУИ.

Транспарент на албански и македонски јазик му дава поддршка на министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за издадената дозвола за работа на истата.


Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на огранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара ПРАВДА“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.

-Дебар е секогаш тука – кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено што го кажуваме секој ден: Ние станавме, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на Фејсбук

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи