Утрински Весник
Македонија

Прашањето за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот пред Општата седница на Врховниот суд

Img.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Врховниот суд на Република Северна Македонија, денеска ќе одржи Општа седница во врска со правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот, по поднесена Иницијатива за утврдување на начелно правно мислење и начелен став од Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид.

Според Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, постои потреба од утврдување на начелен став во врска со повредата на правото на здрава животна средина, односно колку државата обезбедува, односно не обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина, особено во делот на загадувањето на воздухот.

Согласно Заклучокот од Општата седница одржана на ден 11.7.2024 година, Општата седница ќе се одржи со учество на проф. Д-р Борче Давитковски.

Можете да прочитате

Последната фаза од кампањата на ВМРO-ДПМНЕ е репресија и политички прогон, велат од СДСМ

Кој прв, а кој последен ја дочекува Новата година според временските зони

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип