Утрински Весник
Свет

Зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот

Voda Za Piene.jpg
300x250 (7)

Зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот, предупредија Обединетите нации, јави ДПА. На глобално ниво, 2,2 милијарди луѓе немаат пристап до безбедно управувана вода за пиење, а 3,5 милијарди немаат пристап до безбедно управувана санитација, според извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на ОН, УНЕСКО, објавен по повод Светскиот ден на водата. -Секој втор човек ширум светот страда од недостиг на вода неколку месеци во годината. И во некои делови од светот, овој недостиг стана правило, наместо исклучок. Ги знаеме последиците од таквата ситуација: недостигот на вода не само што го разгорува пламенот на геополитичките тензии, туку претставува и закана за основните права како целина, на пример со значително поткопување на положбата на девојчињата и жените, изјави Одри Азулеј генералниот директор на УНЕСКО. Азулај рече дека пристапот до вода и зачувувањето на водните ресурси се „суштински предизвици“ за општествата. Постигнувањето на универзален пристап до безбедна вода за пиење, санитација и хигиена во 140 земји со низок и среден приход би чинело приближно 1,7 трилиони долари од 2016 до 2030 година, или 114 милијарди долари годишно, се проценува во извештајот. Извештајот се објавува секоја година по повод Светскиот ден на водата, кој оваа година се фокусира на темата „Водата за просперитет и мир“. -Темата на Светскиот ден на водата во 2024 година е затоа повик за акција – одржливо управување со водата, повторно поврзување со нашата планета и, на крајот, градење мир“, рече Азулај.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип