Утрински Весник
Спорт

Познат е терминот за првото „Ел Класико“ оваа сезона

Познат е терминот за првото „Ел Класико“ оваа сезона
300x250 (7)

Шпанската Ла Лига го потврди терминот во кој ќе се одигра првото „Ел Класико“ оваа сезона. Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона в недела, на 16 октомври, од 16 часот и 15 минути.

dobivaj vesti na viber

На нешто повеќе од три недели пред дербито јасно е дека Барселона во него ќе влезе со сериозни кадровски проблеми. Неколку играчи на Барселона се повредија настапувајќи за своите репрезентации. За разлика од Чави, Карло Анчелоти, барем засега на располагање ги има сите фудбалери.

Ss1

Роналд Араухо заработи повреда, во првата минута од натпреварот со Иран. Поради оваа повреда неизвесен е неговиот настап и на Светското првенство. Жил Кунде се повреди против Австрија, прогнозите се дека ќе паузира еден месец. Исто така повреда има и Мемфис Депај.

Не треба да се заборави дека пред „Ел Класико“ Барса има двомеч со Интер во Лигата на шампионите, а на крајот на октомври ја очекува и пресметката со Баерн, додека Реал има релативно лесен распоред. Во текот на октомври, ривали ќе му бидат Осасуна, двапати Шахтјор, Хетафе, Елче, Севилја, Лајпциг…

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!