Утрински Весник
Македонија

Пожарот на Галичица останува неконтролиран и покрај целодневните напори

Img 2628.jpeg

Пожарот на планината Галичица е еден од активните пожари во земјата, кој продолжува да гори и покрај целодневните обиди да се стави под контрола. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), гаснењето на пожарот се изведува со два воздухоплова на две локации: кон селата Стење и Лескоец на Преспанската страна и на Охридската територија, кон месноста Војтино и планинарската куќа на север.

„Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики, а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари,“ изјавија од ЦУК.

ЦУК информира дека до 19 часот биле регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои 14 се сè уште активни, 5 се под контрола, а 18 се изгаснати.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана