Утрински Весник
Македонија

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Img 9012.jpeg

Вечерва избувна пожар во познат угостителски локал на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во строгиот центар на Скопје, спроти Министерството за правда.

Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, огнот за кратко време бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот и соседните простории.


На местото на настанот веднаш пристигнале и полициски екипи кои го обезбедуваат просторот, додека пожарникарите и понатаму вршат дополнителни проверки за да се исклучи можноста од повторно разгорување на пожарот.

Голем број граѓани се собраа во близина на локалот и со внимание ја следеа интервенцијата на службите.

Според првичните информации, нема повредени лица. Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната и ќе биде утврдена по увидот што го спроведуваат надлежните служби.

Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на вечерта по завршувањето на истрагата.

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство