Утрински Весник
Свет

Пожар избувна во викендица во Франција, единаесет лица се водат како исчезнати

Пожар избувна во викендица во Франција, единаесет лица се водат како исчезнати

Единаесет лица се водат како исчезнати во пожар што избувна во викендица во Алзас, во североисточна Франција, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Куќата за одмор во Винсен, во близина на Колмар, ја изнајмило француско здружение кое се грижи за млади луѓе со посебни потреби, објави ТВ станицата France 3 Grand Est, а пренесува Фигаро.

Пожарот избувнал рано утринава во куќа од 500 квадратни метри во која биле сместени млади луѓе кои дошле на одмор од Нанси.

Евакуирани се 17 лица, од кои едно е хоспитализирано. Пожарот брзо бил ставен под контрола.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“