Утрински Весник
Македонија

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Image 77.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од изгасените краци на пожарот кај ЈП „Јасен“ во Македонски Брод е повторно активиран, инфомираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гасење на пожарот се вклучени специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на Армијата.

„Синоќа и утрово, а и досега, во предел на пожарите кај селото Тажево и ЈП ‘Јасен’ имаше магла помешана со чад, од којашто покрај непрегледноста, не беше безбедно дејствување по земја. По кревањето на маглата и појавата на ветер, се створија услови за распоредување на триесетте припадници на специјалните сили на МВР, но повторно се појави огнот на дел од кракот којшто беше изгаснат во ‘Јасен’“, информираат од ЦУК.

По добиеното известување од ЈП „Јасен“ за реактивирање на пожарот на еден крак, предложено е еден дел од армиските припадници да помогнат во справување со кракот кон село Тажево и Брезница, а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак.

Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК.

Претходно денеска од ЦУК информираа дека со гасењето на пожарот во Македонски Брод кај ЈП „Јасен“ е изгасен и последниот активен пожар во државата.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе