Утрински Весник
Скопје

Почнува манифестацијата „Денови на филигран“

20260910170055 big 730x400 14.webp.webp

Занаетчиска комора Скопје, во соработка со „Скопје Сити Мол“ и финансиска подршка на Град Скопје од денеска до 13 септември ја организира манифестацијата „Денови на филигран“, посветена на промоција и зачувување на филигранството како еден од најпрепознатливите традиционални занаети.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со уметноста на филигранот, да ги видат уникатните рачно изработени производи на филигранџиите и да дознаат повеќе за техниките, знаењето и вештините што стојат зад нивната изработка.


Како што се наведува во најавата, настанот има за цел да ја доближи филигранската традиција до пошироката јавност, особено до младите и да ја истакне нејзината вредност не само како дел од нашето културно наследство, туку и како современ креативен занает со потенцијал за претприемништво, самовработување и развој на уникатни домашни производи.

„Денови на филигран“ ќе биде можност на едно место да се претстават занаетчиите-филигранисти и нивните автентични изработки, во кои традиционалните техники се спојуваат со современиот дизајн и новите трендови.

Занаетчиска комора Скопје со овој настан, како што нагласува, продолжува со своите активности за промоција на занаетчиството, поддршка на занаетчиите и пренесување на традиционалните занаетчиски знаења и вештини на новите генерации.

Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Водата во Скопје е безбедна за пиење