Утрински Весник
Македонија

Поскапува струјата, понудата на ЕСМ е за 5 отсто поскапо да ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ

Struja.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поскапува струјата. Според, неофицијални информации ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач да му ја продаваат за 5 отсто повеќе. Односно од сегашните 57 евра цената за мегават час да се зголеми на 60 евра.

Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена. На 20 месецот е аукцијата. А одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни. Но ,досегашната пракса покажува дека на тендерот на Универзалниот снабдувач никој досега не понудил пониска цена за струјата од онаа на државните електрани.

Извори за Телма брифираат дека ЕСМ најверојатно нема да покриваат 100 проценти од потребите на струја дома, туку помалку. Според неофицијални информации на затворената владина седница министерот Бектеши бил против ова, но дел од неговите колеги не дале согласност.

Инаку , каква ќе биде цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи најмногу зависи токму од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач. Па, од тука се поставува прашањето, со поскапувањето на мегаватот од државните електрани, колку намалената профитна маржа на ЕВН ХОУМ, би влијаела на новата цена.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари