Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ветуваа искоренување на корупцијата – направија тендерски скандали од 150 милиони евра

Filipce sdsm pres 2 g vlada 1.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите.


Филипче потсети дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните набавки, но реалноста покажува сосема поинаква слика, криминал и коруцпија преку тендери.

„Кога ги молеше граѓаните за власт, премиерот ветуваше одговорност, расчистување на судири на интереси, непотизам, партизација, ветуваше правда и реформа на правосудството. Како стои во Платформа #1198 – искоренување на корупција во јавни набавки и тендери”, рече Филипче.

Тој нагласи дека наместо исполнување на тие ветувања, јавноста е сведок на сериозни скандали поврзани со јавни набавки и тендери.

„Антикорупцискиот тим откри скандали со тендери над 150 милиони евра, што не се искорениле”, истакна Филипче.

Наместо независни институции и владеење на правото, државата се соочува со силна партизација и злоупотреба на институциите.

„Вистината е дека судството е строго партиски контролирано. Наместо правда и реформи, едноставно има злоупотреба на сите можни институции. Нема никаква борба против криминалот и корупцијата”, порача Филипче.

Тој додаде дека тендерите и партиските интереси станале главна преокупација на Владата.

„Криминалот со тендерите е единствениот фокус и главна преокупација на оваа влада”, нагласи Филипче.

Филипче оцени дека по две години владеење, наместо правда, отчетност и борба против корупцијата, граѓаните добиле институции под партиска контрола, тендерски скандали и неисполнети ветувања.

„Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат”, порача претседателот на СДСМ.

Можете да прочитате

Седум лица лишени од слобода во Скопје и гостиварско затоа што кај нив била пронајдена дрога

Ужас во Скопје: Девојче се обидело да се самоубие по малтретирања од таткото

Истрага за полов напад врз малолетно девојче во Штип