Утрински Весник
Балкан

Посилен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во БиХ и Италија

9dd5de7a 5474 4602 848e 18ec8d59b571.jpg

Посилен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на Слуњ, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска.

„Сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од Слуњ. Магнитудата на земјотресот е 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) најпрвин соопшти дека се работи за земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, а подоцна ја намалиле магнитудата на 4,6 степени. ЕМСЦ јавува дека земјотресот бил почувствуван и во БиХ и Италија.

Можете да прочитате

Загина жена во силно невреме што ја зафати Србија

Вучиќ: Ќе има разочарувачки вести од Њујорк од некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“

Ховениер: Акцијата на косовската полиција во Поштанска штедилница не била координирана со партнери