Утрински Весник
Свет

Уапсени повеќе од 100 лица во Шпанија поради измама на WhatsApp, извлекле речиси милион евра од корисниците

Whatsapp Bekommt Profi Funktion.webp.webp

Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисниците на апликацијата WhatsApp, тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми.

Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси еден милион евра, јавува Би-Би-Си.

Во наједноставниот облик на измама на корисниците на WhatsApp , осомничените се претставиле како роднини на жртвата кои користат нов телефонски број во итна ситуација и бараат од неа да им помогне со парично плаќање.

Сите уапсени се обвинети за измама, перење пари и учество во криминална организација која, според шпанската полиција, ги мамела корисниците на WhatsApp и барала од 800 до 55.000 евра.

Најмалку 238 жртви биле идентификувани само во провинцијата Аликанте, а апсења биле извршени во неколку фази во Барселона, Жирона, Мадрид, Малага и Валенсија, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.

Последните апсења доаѓаат откако Полицијата Национал, другата шпанска национална сила, објави во јануари дека уапсила 59 членови на криминалниот синџир што извлекол од жртвите над 460.000 евра. Измамниците најчесто контактирале со оние родители чие дете се осамостоило, студирало во странство или патувало. Им праќале пораки во кои се претставувале како нивни син или ќерка, а потоа барале пари.

Во наједноставниот облик на измама, измамниците се преправале дека се роднини кои коритат нов број за итни случаи и бараат од жртвата да им испрати пари.

Тие често тврделе дека телефонот им е изгубен или оштетен и дека не можат да пристапат до банка.

Можете да прочитате

Франција го поддржа МКС во врска со повикот за налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Во Иран покрената истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Раиси

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената