Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради маршот за „8 Март“

Poseben Rezim.jpg

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 12,00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. „Партизански одреди”, со траса на движење по бул. „Партизански одреди”, кон бул. „Св. Климент Охридски”, десно на бул. “Илинден”, право преку мост „Гоце Делчев” кон Стоковна куќа „Мост”, десно по бул. „Филип 2-ри Македонски” со крајна цел парк „Жена Борец” и бул. „11-ти Октомври” пред Собрание на Република Северна Македонија околу 15,00 часот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.


СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Здравко Чолиќ ги одложи концертите во Скопје

Итна седница на Советот на Град Скопје во вторник

Герасимовски: Голема акција за чистење во ООУ „11 Октомври”, хигиената на прво место