Утрински Весник
Свет

Поротата во судењето на Трамп го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда

Tramp.webp.webp

Поротата на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда.

Сепак, 12-те поротници побараа повторно да ги слушнат потенцијално клучни докази на сведоците.

Судскиот процес што почна минатиот месец во Њујорк против Трамп под обвинение дека го купил молкот на порно актерката Сторми Даниелс за нивната врска е историски.

Тоа е прва кривична постапка во САД против поранешен претседател. Трамп судскиот процес го оцени како „многу неправеден“. 

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена