Утрински Весник
Балкан

Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ од притвор пренесен итно во Институтот во Сремска Каменица

20241105114444 Big 730x400 47.webp.webp

Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.

Како што е познато од српските медиуми, поради ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање на лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.

Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за Танјуг изјави дека Весиќ по специјалистички преглед е задржан на одделението за коронарна интензивна нега, со одобрение на судијата за претходна постапка.

Да потсетиме, Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на настрешницата на железничката станица во тој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Можете да прочитате

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката