Утрински Весник
Магазин

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон по осми пат ќе стане татко

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон по осми пат ќе стане татко

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, откри на Инстаграм дека двојката го очекува своето трето дете. Досега ја криеја оваа вест од јавноста, а Кери сега одлучи да објави дека третото бебе пристигнува веќе следниот месец.

dobivaj vesti na viber

„Бев прилично исцрпена во последните 8 месеци, но одвај чекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи уште еднаш ќе стане постариот батко и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека… Наскоро ќе дознае“, напишала 35-годишната Кери во објавата. Вилф има три години, а Роми една година.

Ова за Кери е трето дете, но за поранешниот британски премиер Борис Џонсон е осмо. Тој првпат се венча во 1987 година со Алегра Мостин-Овен која ја запознал уште како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се утврди дека Џонсон е во врска со пријателка од детството, Марина Вилер.

Со Марина се венча во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Имаат две заеднички ќерки, Лара Летис и Касија Пичиз, и два сина, Мајло Артур и Тиодор Аполо. Поранешниот премиер има и ќерка која ја добил со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.

 

Можете да прочитате

Ова се трите најздрави намирници во светот

Два хороскопски знаци кои секому му одат на нерви

Наскоро ќе гледаме ретко порамнување на шест планети