Утрински Весник
Магазин

Поранешна стјуардеса открива како се однесуваат славните личности во авион

Поранешна стјуардеса открива како се однесуваат славните личности во авион

Видео од поранешна американска стјуардеса, која се сеќава на неколку познати личности кои патувале во истиот авион во нејзина смена, стана вирално на „Тик-ток“.

dobivaj vesti na viber

Таа оценува некои од нив за нивното однесување за време на летот.

Меѓу другите, на летот од Лос Анџелес до Њујорк, тогашната стјуардеса Кет Камалани ја запознала Ким Кардашијан, за која вели дека била толку симпатична што не ѝ замерила дека оди во тоалет без чевли“. Ѝ даде оценка 10/10.

Камалани ја спомена и поранешната манекенка на „Викторија’с сикрет“, Рози Хантингтон-Вајтли, за која рече дека била многу пребирлива за храна и пијалоци за време на седумчасовниот лет.

„Таа леташе од Њујорк до Лондон. Мириса неверојатно, но ништо не јадеше и не пиеше во авионот. Само купи изворска вода,” вели стјуардесата.

Камалани ја опиша актерката Елизабет Беркли како неверојатно симпатична. „Беше малку лудо со неа, со нејзиното дете и дадилката, но беше многу љубезна… како ангел“.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност