Утрински Весник
Свет

Поранешен началник на британската армија: Војниците се исцрпени за да ја водат мировната мисија во Украина

Vojna Ukraina.jpg

Поранешниот командант на британската армија лорд Ричард Данат изјави дека британските војници не се во можност да водат мировна мисија во Украина бидејќи се „премногу исцрпени“.

Тој истакна дека за таква мисија би биле потребни околу 40.000 британски војници, но дека таква бројка во моментов „не е достапна“, пишува Би-би-си.


Данат го изјави ова откако лидерот на Лабуристичката партија и британски премиер Кир Стармер рече дека Британија ќе ја „игра својата улога“ во гарантирањето на безбедноста на Украина.

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен истакна дека Велика Британија и Франција треба да водат мировна мисија во Украина со до 100.000 војници.

Данат, кој ја водеше британската армија од 2006 до 2009 година, предупреди дека на Британија ќе и биде тешко да ги исполни таквите обврски поради сегашната исцрпеност на војниците.

Можете да прочитате

Голем шумски пожар во Андалузија уништи над 3.600 хектари, во гаснењето вклучена и војската

Визни забрани и безбедносни инциденти фрлија сенка врз Светското првенство 2026: ФИФА под критики поради молкот

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин