Утрински Весник
Скопје

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје

D0bfd0bed181d0b5d0b1d0b5d0bd D181d0bed0bed0b1d180d0b0d19cd0b0d0b5d0bd D180d0b5d0b6d0b8d0bc D0b7d0b0 D0b2d0bed0b4d0b8d186d0b8 D0b2d0be 63ca6e82a08dd.jpeg

Денеска и утре по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот.

– Имено, од 06:00 часот денеска и утре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“, информираа од МВР.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Можете да прочитате

СДСМ: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Се унапредува дигитализацијата во Општина Чаир: Советниците добија службени лаптопи

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува