Утрински Весник
Балкан

Поради трагедијата во Нови Сад, Северина јавно го прозва Вучиќ

626530 Collage F.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најголемата хрватска поп ѕвезда Северина јавно го прозва српскиот претседател Александар Вучиќ за трагедијата што во петокот се случи во Нови Сад.

Се урна настрешницата на железничката станица во овој град, при што животот го загубија дури 14 лица кои се наоѓаа таму, додека неколкумина беа повредени.

Северина на својот Инстаграм профил сподели наслови на текстови во кои ја прозива актуелната власт во Србија и го критикуваше апсењето на организаторите на протестот.

Со објавување на фотографија од Александар Вучиќ, таа го нарече „најголемата настрешница во Србија“, а ја сподели и песната „Живеј слободно“ од покојниот Ѓорѓе Балашевиќ.

„Никој жив не памети толку несреќи за еден везир. Околу вас соседите креваат бедеми на омраза и презир“, беше музиката со фотографијата на Вучиќ.

Српскиот претседател не толку одамна изјави дека „најлошо мисли“ за Северина, најмногу поради нејзиниот став за геноцидот во Сребреница.

Можете да прочитате

Две лица од Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Две лица од Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници