Утрински Весник
Македонија

Поради штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај на Богородица, Дојран и Меџитлија ќе биде во целосен прекин

Gp Bogorodica.jpg

Царинската управа (ЦУ) информира дека почувајќи од вечерва на полноќ, во 00:00 часот, до 23:59 часот во среда, поради најавениот дводневен штрајк на царинските служби во Грција, на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница