Утрински Весник
Свет

Најмалку девет деца загинаа во експлозија на нагазна мина во Авганистан

Land Mine Kills 9 Children 1 6828683 1711968250037.jpg

Најмалку девет деца загинаа синоќа во експлозија на нагазна мина во југоисточен Авганистан, соопштија денеска талибанските власти.

Портпаролот на провинциската влада Амидула Нисар изјави дека група деца си играле со нагазна мина во провинцијата Газни кога таа експлодирала.

Мисијата на Обединетите нации во Кабул денеска соопшти дека десетици илјади цивили, вклучувајќи жени и деца, се убиени или повредени во Авганистан од нагазни мини и други експлозивни направи по воените конфликти.

Мисијата на платформата „Х“ напиша дека ОН и нивните партнери исчистиле 3.011 квадратни километри земја во Авганистан од мини и експлозивни направи.

Талибанците се вратија на власт во август 2021 година кога силите на меѓународната коалиција, предводени од САД, се повлекоа од Авганистан.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток