Утрински Весник
Свет

Поради руските ракетни напади врз Украина, половина Молдавија без струја

Поради руските ракетни напади врз Украина, половина Молдавија без струја
300x250 (7)

Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа затемнување во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину.

dobivaj vesti na viber

„’Молделектрика’ работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија на повеќе од 50 отсто од земјата“, рече Спину.

300x250 (7)

Прекини на струја се забележани и во самопрогласениот регион Приднестровје, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Спину рече и дека денешната ситуација со прекини во електричната енергија се повторила бидејќи на 15 ноември и Молдавија претрпе прекин на струја по руските ракетни напади. Полицијата и молдавската компанија што снабдува електрична енергија на југот и во центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.

Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Днепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека имало напад на клучна цивилна инфраструктура, а по експлозиите на некои места, дошло до прекин на електричната енергија.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум