Утрински Весник
Македонија

Петровска: Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за соработка меѓу јавниот и приватниот сектор

Петровска: Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за соработка меѓу јавниот и приватниот сектор

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на меѓународната конференција „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“, која се одржа во рамки на „Деновите на приватното обезбедување“, во организација на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.

dobivaj vesti na viber

Во своето воведно обраќање, министерката Петровска рече дека критичната инфраструктура ги опфаќа системите и средствата кои се витални за значењето на една држава, при што нивното онеспособување или уништување би имало апсолутен ефект врз националната, економската и социјална безбедност. Затоа е неопходно, рече министерката, да се постигне свесноста и нивото на подготвеност на заштита на критичната инфраструктура во рамките на стратешкото управување по државата и нејзините институции, вклучително и изградба на интегрирана легислативна рамка во заштита на критичната инфраструктура.

„Ефикасен и ефективен систем на заштита на критичната инфраструктура може да постигнеме само врз основа на инклузивен процес и мултисекторски пристап. Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за воспоставување  партнерства на јавниот и приватниот сектор. Во новиот закон за критична инфраструктура, кој долго време се споменува и веќе се работи на него, ќе се најде и законска основа за понатамошен развој на оваа наша соработка. Несомнено, приватниот сектор во делот на обезбедувањето е дел од безбедносниот систем на државата и затоа во услови кога од институциите се бара рационалност и ефективност при користењето на финансиските и човечките ресурси се поставува прашањето како заедно да изградиме систем кој пред сè ќе ѝ служи на државата, а бенефитот ќе го имаат граѓаните“, истакна министерката и изрази очекување дека новото законско решение ќе може да биде образложено пред Собранието до крајот на годинава.

Непосредно пред конференцијата, министерката Петровска имаше средба со Катерине Пијана, генерална директорка на Европската конфедерација на услуги за приватно обезбедување, со која разговараше за можноста за внесување на приватното обезбедување во националната регулатива како чинител во заштита на критичната инфраструктура.

Целта на конференцијата е размена на знаења, искуства и практики од реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство.

Можете да прочитате

Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј

Ограбена менувачница во Чаир, крадците одзеле сеф со пари

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите