Утрински Весник
Македонија

Поради расипан апарат за индетификација не е почнато гласањето на едно ГМ во Тетово

Izbori.webp.webp

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас

Можете да прочитате

Затвореник истепал полицаец во затворот Идризово

Утрински Весник

Израел ќе ја продолжи воената операција во Рафа и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата да ја прекине

Сиљановска Давкова oд Матарела побарала гаранции за евроинтеграциите