Утрински Весник
Свет

Поради протести во Перу затворена познатата туристичка атракција „Мачу Пикчу“

Поради протести во Перу затворена познатата туристичка атракција  „Мачу Пикчу“

Властите на Перу ја затворија познатата туристичка атракција „Мачу Пикчу“ на неодредено време поради протестите во таа земја.

dobivaj vesti na viber

Владата соопшти дека ја донела одлуката за заштита на туристите и локалното население.

Се верува дека стотици луѓе, главно странци, биле на дестинацијата во моментот на забраната.

Десетици луѓе беа убиени во последниве месеци за време на насилните протести, анализираат медиумите.

Демонстрантите бараат нови избори и оставка од Болуарте, кој ја одбива истата.

Поради последните судири, блокирани се бројни улици во центарот на главниот град Лима, а полицијата употреби солзавец против демонстрантите.

Европската унија го осуди насилството и, како што ја нарече, „несразмерната“ употреба на полициска сила.

„ЕУ ја повикува владата и сите политички актери да преземат итни чекори со цел да се воспостави ред и да се иницира широк дијалог во кој би учествувале претставници на граѓанското општество и заедниците погодени од кризата“, се наведува во соопштението.

Демонстрантите бараат Болуарте да поднесе оставка и да се распишат нови избори, како и нејзиниот претходник, левичарот Педро Кастиљо, да биде ослободен од притвор.

Болуарте ги отфрли повиците за оставка и побара од демонстрантите да протестираат мирно.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар