Утрински Весник
Македонија

Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци

20240715180739 Medium 358x215 10.webp.webp

Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Приведено лице во Скопје, пронајдена рачна бомба при претрес во неговиот дом

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром