Утрински Весник
Македонија

Полицијата изврши претрес во Тетово, едно лице лишено од слобода

Policzija 4.jpg

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот В.З. од Тетово, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории била пронајдена и одземена бела прашкаста материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен на 20 јули 2026 година, во периодот од 20:00 до 20:55 часот, врз основа на судска наредба.


При полициската акција била пронајдена белата прашкаста материја, која е одземена за понатамошно вештачење и постапување.

По целосното документирање на случајот, против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

М-НАВ прво ја одбил, па следниот ден ја одобрил 7 милионската позајмица

Се гасне пожарот во селата во Општина Студеничани

Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот, нашата позиција е јасна