Утрински Весник
Спорт

Полицијата го уапси хулиганот кој направи скандал во Тетово

Полицијата го уапси хулиганот кој направи скандал во Тетово

Полицијата во Тетово објави дека е уапсен навивачот на Тетекс кој направи голем инцидент на денешниот меч од Втората фудбалска лига против Каменица Саса (0:2). Тој влета во терен и го удри со тупаница напаѓачот на гостите Бошко Ступиќ.

dobivaj vesti na viber

„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, информираа од тетовската полиција.

Можете да прочитате

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто