Утрински Весник
Спорт

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами

Ferstapen.jpg

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 на Големата награда на САД во Мајами.

Актуелниот светски шампион постигна време од 1:27.641 минути, односно беше за 0.108 секунди побрз од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, беше трет со 0,235 секунди зад својот тимски колега, додека четвртото место го зазеде Даниел Рикардо од тимот на РБ, кој беше за 0,403 секунди побавен од Ферстапен.

До десеттата позиција се и Карлос Саинц, Оскар Пјастри, Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Ландо Норис и Нико Хулкенберг.

Спринт трката и квалификациите за главната трка се на програмата денеска, додека стартот на ГН на САД е закажан за в недела во 22 часот.

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен