Утрински Весник
Магазин

Погребан Роберто Кавали: Последниот помен ги собра неговите поранешни сопруги и сите деца

3861923 Roberto Kavali Profimedia0865003341 Ff.jpg
Ss2

Познатиот дизајнер Роберто Кавали денеска беше погребан во Фиренца, неговиот роден град, каде што почина на 12 април, на 83-годишна возраст, по долго боледување.

Последното збогување го собра неговото семејство, неговите пет постари наследници, поранешните сопруги како и партнерката Сандра Нилсон со која доби ќерка во 2023 година. Легендарниот дизајнер беше придружуван од познати личности од Италија, а по богослужбата во црквата, ковчегот со телото беше пренесен во автомобилот на погребната служба. Кавали беше испратен со солзи и аплаузи.

300x250 (7)

На погребот беше Ева Марија, поранешната сопруга на Роберт Кавали, со која имаше три деца – Рејчел, Робин и Даниел Кавали, кои работат во моден дизајн. Сите негови наследници од вториот брак присуствуваа на последното збогување на нивниот татко, кој ја одбележа историјата на светската мода.

Синот Робин не се одвојувал од мајка си Ева, Даниел се држел настрана, додека Рејчел не можела да ги запре солзите.

Да потсетиме дека бракот на Роберт Кавали и неговата втора сопруга траеше од 1980 до 2010 година. Четири години по разводот, тој започна врска со шведската манекенка на Плејбој Сандра Нилсон, која е 46 години помлада од него и со која остана до својата смрт.

Врската беше проследена со одредени контроверзии и критики. Сандра на трогателен начин се прости од партнерот бакнувајќи го ковчегот со неговото тело.

Забележано е и дека таа е блиска со одредени членови на семејството на Роберто Кавали. На погребот беше и Кристина Кавали, неговата најстара ќерка, која неверојатно личи на својот татко и која, како и нејзините полубраќа и полусестра, е посветена на модниот дизајн. Од својот татко се прости и нејзиниот брат Томазо, кој исклучително ретко се гледа во јавноста и кој се занимава со производство на вино (ја делеше косопственоста со својот татко на винарија во Фиренца).

Во извештаите од погребот се наведува дека на погребот била присутна и Силванела Џанони, првата сопруга на Кавали, со која тој бил во брак од 1964 до 1974 година, мајката на Кристина и Томазо Кавали, која досега не се појавила во јавноста, иако ги нема достапни нејзини фотографии.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото