Утрински Весник
Спорт

Погледнете ја ВАР драмата помеѓу Португалија и Бразил

Погледнете ја ВАР драмата помеѓу Португалија и Бразил

Бразил успеа да стигне до драматично 28:28 реми со Португалија иако на три минути пред крајот губеа со два гола разлика, а во последните секунди примија гол за 28:27 предност на ривалите за мечот да заврши вака.

dobivaj vesti na viber

Но, судиите по проверката на ВАР системот решија дека постои фаул од Боргес и досудија пенал за Бразил за неверојатно реми. Инаку мечот беше полн со пресврти – откако Португалија имаше водство во поголемиот дел од првото полувреме, во второто следуваше резултатска „клацкалка“ – Бразилците поведоа со два разлика, за во финишот на мечот Португалците да заиграат подобро.

Словенците, пак, без многу проблеми го „прегазија“ Иран со 38:21 во првиот меч од првата група.

СП ПОЛСКА/ШВЕДСКА, 2.РУНДА
ГРУПА 1
Иран – Словенија 21:38 (9:20)
Франција – Црна Гора 18.00 ч.
Шпанија – Полска 20.30 ч.
ГРУПА 2
Португалија – Бразил 28:27 (12:11)
Кабо Верде – Ислаанд 18.00 ч.
Шведска – Унгарија 20.30 ч.

ПРЕЗИДЕНТС КУП, ГРУПА 1
Чиле – Саудиска Арабија 26:23 (12:13)
Уругвај – Јужна Кореја 18.00 ч.

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко