Утрински Весник
Економија

Поевтинувањето на земјоделските прехрамбени производи од следната недела

Supermarket.webp.webp

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на  цените и ограничувањето на  маржите, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска кој престојува во посета на Гостивар.

„Денеска работната група од министерството за економија, земјоделие и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека покрај есенската, ќе има и пролетна кошничка, истакнувајќи дека Владата е подготвена да излезе во пресрет на стопанството со одложување на примената на Законот за нефер трговски практики.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот