Утрински Весник
Свет

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина

20260523102058 big 730x400 88.webp.webp

Најмалку 90 лица го загубија животот по експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина, објавија денеска државните медиуми. Спасувачките екипи сè уште интензивно трагаат по деветмина рудари кои се водат како исчезнати, наведува државната новинска агенција Синхуа.

Експлозијата се случила синоќа во рудникот за јаглен Лиушенју во округот Чинјуан во Шанси, една од најсиромашните кинески провинции, а во моментот на катастрофалниот инцидент, под земја на должност биле дури 247 рудари.


Кинескиот претседател Си Џинпинг упати итен апел до надлежните органи да не штедат напори во лекувањето на повредените и во целосното спроведување на спасувачките операции и воедно нареди темелна истрага за откривање на причините за несреќата, барајќи строга одговорност за виновниците во согласност со законот.

„Сите региони и сектори мора да извлечат поука од оваа несреќа, да останат постојано будни кога станува збор за безбедноста на работното место и одлучно да спречат појава на нови големи и катастрофални инциденти“, рече тој

Претходно, беше објавено и оти нивото на јаглерод моноксид во рудникот ги надминало сите дозволени граници, како и дека дел од рударите кои биле заробени под земја се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Итна евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син Доналд Помладиот поради државни обврски