Утрински Весник
Свет

Подољак: Русија ја претвори Источна Европа во непредвидливо бојно поле

Подољак: Украина е подготвена за преговори, но не и со Путин

Високиот советник на претседателот на Украина изјави дека Русија е виновна за сите „ракетни инциденти“ по инвазијата на неговата земја.

dobivaj vesti na viber

„ Според мене, потребно е да се држиме само до една логика. Војната започна и ја води Русија. Русија масовно ја напаѓа Украина со крстосувачки ракети“, изјави Михајло Подољак за „Ројтерс“, откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека проектилот во Полска убил две лица, најверојатно не е отпуштено од Русија.

„ Русија го претвори источниот дел од европскиот континент во непредвидливо бојно поле. Намерата, средствата за егзекуција, ризиците, ескалацијата – се е само Русија. И не може да има друго објаснување за какви било ракетни инциденти“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста