Утрински Весник
Свет

Подољак: Причината за упадот во Курск е недвосмислената руска агресија

20240808195645 Big 730x400 20.webp.webp

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека „главната причина за каква било ескалација“, вклучувајќи го и упадот на украинските сили во Курск, е „недвосмислената агресија“ на Русија против Украина.

-Војната е војна, со свои правила, каде што агресорот неминовно ги жнее соодветните исходи, рече Подољак.

Ова е првпат украински функционер јавно да зборува за упадот на украинските војници во руската област Курск, пишува Гардијан.

Во тек е евакуација на населението од областа Курск, а претседателот Владимир Путин најави државна помош од 105 евра за настраданите граѓани.

Украинските сили денеска потврдија дека во вчерашните операции војниците напредувале до 10 километри во внатрешноста на Курската област, пренесуваат украинските медиуми.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција