Утрински Весник
Скопје

Данела Арсовска назначи нов директор на ЈП „Градски паркинг“

Slavevski I Danela Arsovska.jpg

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска вчера го разрешила директорот на ЈП „Градски паркинг”,  Михаил Петревски. На негово место за нов в.д. директор е назначен Мартин Гаврилски.

Оваа информација денеска ја потврдија и од претпријатието, но не знаеја да кажат од кои причини Петревски е разрешен од функцијата. Петревски, на функцијата беше назначен лани во април.

Арсовска во понеделникот го разреши и директорот на „Водовод и канализација“, Виктор Панчевски, кој беше именуван пред 6 месеци.

Таа смени 25 директори, за нецели три години мандат.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва година 

Албанска лига до градоначалникот на Бутел: Никој не се плаши од тебе

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило,  крај на дупките, поголема безбедност за жителите