Утрински Весник
Свет

Подољак: Ништо нема да се смени на бојното поле, ќе ја ослободиме нашата територија

Подољак: Ништо нема да се смени на бојното поле, ќе ја ослободиме нашата територија

„Украина е решена да ја врати територијата што Русија најверојатно ќе ја припои по гласањето на окупираните територии“ изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за агенцијата АП, тој додаде дека сериозно ги сфаќа заканите на Москва за употреба на нуклеарно оружје во војна со соседот.

Советникот на претседателот на Украина, Зеленски, тврди дека ништо нема да се смени на бојното поле доколку, како што се очекува, Русија има намера да анектира четири региони на јужна и источна Украина во наредните денови.

„Ќе ја ослободиме нашата територија со воени средства, што не зависи од тоа што мисли или сака Русија, туку од воените можности на Украина“ – рече Подољак.

Тој додаде дека е од витално значење за Украина да ја врати целата нејзина земја што била заземена насилно, и тоа го карактеризира како важно не само за неговата земја, туку и за нејзините европски соседи.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран