Утрински Весник
Македонија

Подгответе се за минусни температури, за појава на слана и на мраз!

Frost 076 Crop.png

Разведрувањето кое се очекува во текот на следната седмица, и тоа почувајќи од понеделник, ќе услови наутро температурите да бидат многу пониски и на повеќе места да се спуштаат до околу, а понекаде и под нулата. Односно, тие во текот на следната работна седмица ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

На Метеоролошката карта може да се види дека во текот на следната седмица во утринските часови на повеќе места во Македонија ќе има поголеми услови за појава на слана и на мраз. Исто така, не се исклучува можноста  и за појава на утринска магла по котлините и по речните долини.

Се на се, подгответе ја топлата облека за утринските часови во текот на следната работна седмица.




Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!