Утрински Весник
Македонија

Подготвен е нов Закон за употреба на македонскиот јазик

Подготвен е нов Закон за употреба на македонскиот јазик
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазареска на денешната прес-конференција истакна дека водејќи се од делата и вредностите на браќата Кирил и Методиј, но и на континуитетот на Свети Климент и Наум Охридски во последните години власта презема низа активности за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

-На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата. По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот, рече Лазареска.

Таа додаде дека по 20 години на Институтот за македонски јазик, се овозможени вработувања на 17 млади луѓе, со што се докажува грижата за македонскиот јазик на дело.

-И таа грижа не застанува тука. Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески. Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата. Остануваме посветени на заштита на државните и националните интереси, додаде Лазареска.

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош