Утрински Весник
Спорт

Карагумрук го отпушти Пирло

Карагумрук го отпушти Пирло

Андреа Пирло (44) повеќе не е тренер на Карагумрук, потврди турскиот прволигаш.

dobivaj vesti na viber

„Ние им дозволивме на Андреа Пирло и неговиот персонал предвреме да го напуштат клубот за да можат да си ја планираат иднината. Ќе се обидеме да победиме во преостанатите натпревари во лигата и да го искористиме времето за да направиме план за наредната сезона“,стои во официјалното соопштение на Карагумрук, деветтиот клуб во турскиот шампионат.

Пирло го презеде тимот во јуни минатата година, кога потпиша едно годишен договор.

Последниот натпревар како тренер на Карагумрук го имаше во 35. коло од турскиот шампионат, кога загуби со 1:4 од Трабзонспор, чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Пирло имаше фантастична кариера во Интер, Милан и Јувентус, додека како тренер го водеше тимот на Јувентус до 23 години и првиот тим, а потоа и Карагумрук.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка