Утрински Весник
Свет

Поддржувачите на Болсонаро против владината блокада на Икс

Bolsonaro.jpg

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро синоќа протестираа во Сао Паоло на Денот на независноста, изразувајќи незадоволство од одлуката на владата да ја блокира социјалната мрежа Икс, што тие го сметаат за доказ за политички прогон.

Вчерашниот марш претставува тест за капацитетот на Болсонаро да ги мобилизира своите приврзаници пред локалните избори во октомври, и покрај тоа што на Болсонаро му е забрането да се кандидира за која било функција до 2030 година.

Забраната на Икс предизвика незадоволство дури и кај некои противници на Болсонаро, разгорувајќи ја веќе длабоко вкоренетата политичка поларизација во Бразил. Болсонаро на својот Инстаграм профил на 4 септември напиша: „Земја без слобода не може ништо да слави на овој ден“, повикувајќи ги Бразилците да не присуствуваат на официјалните паради по повод Денот на независноста и да му се придружат на протестот во Сао Паоло.

Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес го забрани Икс (поранешен Твитер) на 30 август, по повеќемесечниот спор со неговиот сопственик, милијардерот Илон Маск, околу границите на слободата на говорот.

Моќниот судија ги предводеше напорите да им се забрани на екстремно десничарските корисници да шират дезинформации на социјалните мрежи и ја засили својата акција откако приврзаниците на Болсонаро упаднаа во Конгресот и во претседателската палата на 8 јануари 2023 година, во обид да ги поништат резултатите од претседателските избори. .

Поконтроверзна компонента на неговата пресуда беше наметнувањето на огромна казна од 9.000 долари за Бразилците кои користат виртуелни приватни мрежи (VPN) за пристап до мрежата Икс.

Забраната ги налути сојузниците на Болсонаро, кои го обвинија судството и владата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва за договар за да го замолчат нивното движење.

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија