Утрински Весник
Спорт

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Screenshot 2024 04 30 145122.png

Германија, вечерва и утревечер е домаќин на првите полуфунални натпревари од елитнот клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите. Во Минхен, вечерва (21 часот) неприкосновениот владетел во бундеслигашката конкуренција Баерн го пречекува најтрофејниот со европски „круни“ во елитното натпреаврување шпанскиот Реал Мадрид, а утревечер во истиот термина Борусија Дортмунд е домаќин на францускиот ПСЖ. Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе се соочат по осми пат во оваа фаза од натпреварувањето и поранешниот германски шампион има позитивен скор 4:3. Историјата ни покажува дека баварскиот тим во вкупно 26 меча против Реал Мадрид славел 12 пати, три пати било нерешено и загубил 11 пати, но реалноста во моментов е поинаква и „кралевите“ се фаворит. -Сите знаат што може Реал да приреди во Лигата на шампиони, не смее никој да нè потцени. Чувствуваме почит од сите, имаме голема самодоверба и се надеваме на добар резултат. Баерн нема добра сезона во Бундеслигата, но одигра спектакуларни натпревари против Арсенал, кажа Карло Анчелоти тренерот на Реал. Баерн ја загуби титулата во Германија по 11 сезони доминација, а разочара и во германските Суперкуп и Куп, па единствен спас на сезоната гледаат во елитното европско натпреварување. -Сакаме да се пласираме во финале. Направивме чекор напред против Арсенал, а сега следниот треба да го направиме против Реал. Сакаме да бидеме конкурентни и да заигра во финалето, вели Томас Тухел тренерот на Баерн.

Можете да прочитате

Борко Ристовски повеќе не е Извршен директор на РК Вардар

ФФМ бара извинување од репрезентативецот на Албанија, Даку за пцовките упатени кон Македонците

Фудбалерот на Албанија, Даку, ги пцуеше Македонците и Србите