Утрински Весник
Балкан

Поднесено обвинение против против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Banozic.jpg

Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа лани на 11 ноември во која животот го загуби Горан Шариќ.

Обвинетиот Баножиќ управувал автомобил „нисан“ по десната лента кај Винковци, на пат кон ловиште, надвор од населено место од правец на Винковци кон Жупања, па постапил, според обвинителството Винковци, спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот.

-Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал од левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста. Тој се товари дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал – се вели во соопштението на општинскиот државен обвинител во Винковци.

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десет сведоци и биле направени неколку вештачења, а целиот случај од самиот почеток бил „полн со чудни потези“.

Како што потсетува „Јутарњи лист“, полицијата во Винковци на први декември минатата година, шест дена по неговото пуштање од болницата во Осиек каде што беше хоспитализиран две недели, поднела кривична пријава против Баножиќ.

Покрај кривичната, Баножиќ се соочил и со прекршочна пријава бидејќи, како што покажала истрагата, во кобниот момент не носел појас.

Можете да прочитате

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска 

Стано: Нацрт-статутот на ЗСО треба да се најде во дијалогот, не сме запознаени со предлогот на Приштина

Франција, Германија и Италија го информираа Курти дека не го исполниле условот за членство во Советот на Европа