Утрински Весник
Македонија

Почнува кампањата за бесплатен скрининг на црн дроб, Таравари ќе ја посети мобилната единица на плоштадот „Македонија“

Img 1428.jpeg
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство, заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар Центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, почнува заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

По тој повод, министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.

Како што информира Министерството за здравство, националната кампања ќе се реализира во десет градови низ државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести: црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Можете да прочитате

Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд