Утрински Весник
Македонија

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

1m5a9955.jpg

На 28 декември 2025 година започна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид”, во режија на Игор Алексов, а во продукција на City Star.

„Голиот Рид” е трилер кој  акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап.

Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија.

Проектот претставува уште еден значаен чекор во развојот на македонската филмска продукција и во афирмацијата на жанровскиот филм.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД