Утрински Весник
Скопје

„Пајакот“ на ПОЦ кренал 114 непрописно паркирани возила

4 16.jpg

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Арсовска бара одговор од Обвинителството: До каде е истрагата за дивоградбите во Чаир?

ЛДП Скопје: Молк од Зоолошката градина и од Град Скопје за бегството на волци во саботата и усмртувањето на неколку кенгури и ему птици

Без вода утре и во сабота дел од општина Карпош