Утрински Весник
Македонија

Почина жената која беше турната од трет кат на зграда во Охрид

Policija 320299 387392 394542.jpg

Почина жената која неодамна беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.

Настанот се случи на 8-ми март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Можете да прочитате

Пред изборите марширале со семејствата за „Пулс“, по изборите ретко доаѓаат, вели Наунов

Дали системот реагира навреме? Обвинителката Спасенка Андонова вечерва во 20:00 часот во „Ноќно студио“ на 4ТВ

Шасивари: Од заедничките предизвици до конкретни решенија за заштита на децата